Судир на кинески и филипински брод во Јужно Кинеско Море
Крајбрежната стража на Кина соопшти дека бродот на Филипини намерно удрил и покрај предупредувањата, велат дека постојано провоцираат и предизвикуваат инциденти, прекршувајќи ги привремените договори...

Судир на кинески и филипински брод во спорното Јужно Кинеско Море. Снимката од инцидентот објавена на социјалните мрежи го покажува моментот на судирот за кој двете страни се обвинија меѓусебно. Крајбрежната стража на Кина соопшти дека бродот на Филипини намерно удрил и покрај предупредувањата, велат дека постојано провоцираат и предизвикуваат инциденти, прекршувајќи ги привремените договори. Властите во Манила пак, тврдат дека нивните потези да ги потврдат правата во спорниот водите не биле провокативни.
„Овие опасни маневри резултираа со судири, предизвикувајќи структурна штета на двата брода на филипинската крајбрежна стража. Повторно сме разочарани од овој развој на ситуацијата иако мислевме дека постигнавме разбирање во прелиминарните разговори, сепак се случи овој“, изјави Џонатан Малаја, Советот за национална безбедност на Филипини.
