Сè уште траат одморите, но и метежот на граничните премини
Сè уште зголемена фреквенција на возила на границите, но и на патарините. Граѓаните ги користат летните одмори. На еден од најфреквентните премини во државата Табановце, се чека по 15-ина минути. Овде викендов поминале дури 100.000 патници…

Сè уште траат летните одмори, но и метежот на границите и патарините. На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница секојдневно голем проток на луѓе и возила. Во работните денови дневно поминуваат до 7.000 возила, за викендите бројката е поголема. Изминатиов викенд овде според статистиката на МВР поминале околу 100.000 патници, односно над 25.000 возила.
„Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел побрз проток на патниците“-велат од МВР.
На преминот најчесто поминуваат граѓани со регистарски таблички од европските држави. Тие се упатуваа кон туристичките дестинации, во нашата држава во Охрид и на плажите кај јужниот сосед.
Граѓаните согласни ваквата слика е очекувана во летната сезона, па трпеливо чекаа во четирите ленти.
И покрај долгите колони за влез и излез од државата, не се чека долго, по некои 15 минати, само за неопходните полициски и царински контроли.
Освен на граничните премини периодов метеж и на патарините. На патарината во Романовце иако функционираат сите ленти, граѓаните чекаат одреден период. До јавното претпријатие за државни патишта упативме прашања, но до започнување на дневникот не добивме одговор.
Елена Георгиевска
