Телекомуникации

Влезот на трет мобилен оператор ќе ги намали цените на услугите

19.08.2024 15:17

Трет мобилен оператор или намалување на цените за услугите на телекомуникациските оператори – власта пред стратешка одлука. Министерот за транспорт тврди дека на пазарот функционира дуопол на штета на граѓаните. Николоски не гледа проблем во намерата унгарска компанија да влезе во Македонија.

Со влезот на нов трет мобилен оператор во земјава, ќе добијат корисниците на мобилната телефонија преку пониски цени на услугите. Изборот ќе биде согласно законот, никако поинаку уверува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и ги отфрла шпекулациите дека влезот на новиот оператор од Унгарија е поврзан со кредитот од 500 милиони евра, кој го додели таа држава.

Со влезот на трет мобилен оператор ќе добијат корисниците на мобилната телефонија, уверува министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Верува дека тоа ќе ги симне цените на услуги.

Министерот Николоски уверува дека при изборот на нов трет мобилен оператор, ќе биде почитувана постапката за избор, ќе биде почитуван Законот. Според него најавата за влез на нов оператор, ги вознемирил двата постојни оператори.

Министерот Николоски ги отфрла наводите дека влезот на новиот унгарски оператор на македонскиот пазар е поврзан со кредитот, кој Унгарија ѝ го одобри на Македонија во висина од 500 милиони евра. Крајната цел, пониски услуги е на задоволство на граѓаните.

Во моментов, во државата има два мобилни оператора.

 

Петар Печков