Горива
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
19.08.2024 15:27
Од полноќ, дизелот ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното за 71 денар.

Цената на бензините останува иста, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, дизелот ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното за 71 денар.
Цената за литар Еуросупер БС-95 останува 79,5 денари, а на бензинот од 98 октани 81,5 денари за литар. Поскапува и мазутот и ќе се продава за 46,295 денари за килограм.
