Благ пад на жалби до Европскиот суд за човекови права
Експертите сметаат дека тоа се должи на воведувањето во судскиот систем на правото за судења во разумен рок. Видот на тужбите кои стиггнуваат во Стразбур се однесуваат на сите видови права, велат судиите...

Благ пад бележи бројот на тужби од македонски граѓани испратени во Европскиот суд за човекови права. Судијата Лазарова Трајковска вели дека годишно добиваат од 400 до 450 предмети. По својата содржина во последните години има разлика во однос на барањеата за констатирање повреди. Aко пред десет години скоро сите барања била за судења во неразумен рок, денес тоа не е така, вели Лазарова Трајковска.
„Ако пред 10 години 75% од предметите во судот беа поврзани со долго трање на постапките, во последните 6 години, жалбите по својата содржина и структурираност се значително променети. Сега веќе скоро и да нема одредба од Коневенцијата која не е оспорена пред Европскиот суд за човекови права“, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права.
Годишно Европскиот суд носи десетина одлуки за повреда на правото на граќаните. Тие се од големо значење како за оштетените, така и за судската пракса, смета судијката.
„Пресудите коишто досега сме ги донеле укажуваат на различни повреди, најчесто поврзани со фер судење, со членот 6, имаме во последните неколку години повеќе пресуди поврзани со мерката притвор и со правото на слобода и безбедност“, додава Лазарова Трајковска.
Судијката потенцира дека Европскиот суд за човекови права одлучува по претставки откако се искористиле сите правни лекови во домашното судство.
Катерина Давчева
