Македонско-српски полициски патроли до 30-ти август низ Охрид
Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25-ти јули оваа година.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија од денеска до 30-ти август ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона.
Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25-ти јули оваа година.
Тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во овој период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија.
