Македонија

Минчев на средба со претставници на НДИ

19.08.2024 15:50

Дискусијата, како што соопштуваат од Министерството, се фокусираше на иницијативи кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста, да го подобрат владеењето и да ги поддржат демократските институции.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со претставници на Националниот демократски институт  (НДИ), на која се разговараше за тековните проекти кои министерството ги спроведува како и за можностите за идна соработка помеѓу двете страни, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на демократските процеси и унапредување на капацитетите на јавната администрација.

Дискусијата, како што соопштуваат од Министерството, се фокусираше на иницијативи кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста, да го подобрат владеењето и да ги поддржат демократските институции.

Министерот Минчев изрази силна посветеност за тесна соработка со НДИ за развој на проекти кои ќе имаат бенефит врз јавната администрација и пошироката заедница.

Претставниците на НДИ ги истакнаа нивните тековни напори за поддршка на демократските реформи и ја истакнаа нивната подготвеност за соработка со Министерството за јавна администрација за постигнување заеднички цели насочени кон зајакнување на ефективноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија, стои во соопштението.