Македонија

Тошковски: Кривичниот суд определи куќен притвор за Рамадани, но без да го определи начинот на извршување

19.08.2024 16:41

Тошковски вели – согласно Законот за кривична постапка, Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.

Откако Кривичниот суд за бегството на Рамадани го обвини МВР, се огласи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој вели – согласно Законот за кривична постапка, Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.

„Во овој случај, Судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР-Скопје, Полициската станица Чаир, но притоа, не го определил начинот на извршување, иако тоа е законска обврска“, вели Тошковски, кој појаснува дека полицијата не го обезбедува домот каде се извршува мерката 24 часа, туку повремено и ненајавено проверува дали лицето е таму.

Полицијата во неколку наврати извршила проверки, последен пат на 13-ти август, кога Рамадани бил во куќниот притвор, вели министерот Тошковски.