Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во портпарол на ставовите на СДС и ДУИ

19.08.2024 16:24

Од партијата додаваат дека голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и два проценти рејтинг што го имаат им е премногу, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Наместо да прават копи- пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе седум години да се повлечат и да си сносат одговорност, нагласуваат од владејачката партија.