Велес ќе ги заштитува јаворите

09.07.2014 11:08

Велес треба што поскоро да ги заштити јаворите- обележје на градот. Од општинскиот буџет ќе се издвојат околу 350 илјади денари за соодветна заштита на столетните стебла прогласени за споменици на природата...

Многу приказни низ вековите се раскажани под велешките јавори. За традицијата да продолжи и понатаму  седумте симболи на градот  треба се заштитат.Ексеоруте велат неопходно е стеблата да се премачкуваат со средство кое штити од надворешни влијанија а сувите гранки навреме да се острануваат.

„Од Управата за животна средина добиено е позитивно мислење за заштитата на платаните. За реализација на оваа Програма потребни се 343.446,00 денари кои ќе се финансираат од Буџетот на општина Велес“, рече Александар Колев, претседател на Советот на општина Велес.

Опстојувањето на столетните дрва за велешани не е култ, велат секоја гранка е нашата историја а секој нов лист е предвесник на иднината.

„Оштетен е доста, арно што и толку се држи... Заштита? ... Заштитен колку може да се одржава“.

„Треба да се заштитат, од време ги има јаворите, убава сенка имаат“, велат анкетираните велешани.

Велес е еден од ретките градови во Македонија каде столетните јавори се прогласени за споменици на природата.

 

Дијана Иванова