ПАРТИИ

СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот за на Скопје конечно да му тргне

19.08.2024 19:34

Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје, соопштуваат од СДСМ.

Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје. Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје, соопштуваат од СДСМ.

Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани, велат од партијата.

СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа, стои во соопштението.