Свет

„Позитивна средба“ меѓу Нетанјаху и Блинкен

19.08.2024 19:42

Премиерот ја потврди посветеноста на Израел на најновиот американски предлог за ослободување на нашите заложници, земајќи ги предвид безбедносните потреби на Израел, на кои тој силно инсистира, стои во соопштението.

Средбата меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше „позитивна и помина во добар дух“, се вели во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.

Премиерот ја потврди посветеноста на Израел на најновиот американски предлог за ослободување на нашите заложници, земајќи ги предвид безбедносните потреби на Израел, на кои тој силно инсистира, стои во соопштението.

Блинкен претходно денеска предупреди дека најновиот обид за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците е веројатно најдобрата и можеби последната опција, повикувајќи ги Израел и Хамас да направат тежок компромис и да го прифатат договорот.