Инфраструктура
До Нова година „Бехтел и Енка“ ќе почнат со работа на терен
19.08.2024 19:52
Процесот запна кај експропријацијата. Иако рокот бил до крајот на 2023 година, сепак, сè уште не е завршен, а на трасата не се дислоцирани ниту електрични и телекомуникациски водови...

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ до Нова година треба да почне со работа на терен на коридорите 8 и 10д.
Процесот запна кај експропријацијата. Иако рокот бил до крајот на 2023 година, сепак, сè уште не е завршен, а на трасата не се дислоцирани ниту електрични и телекомуникациски водови, вели првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
За експропријација, државата треба да обезбеди дополнителни средства, настрана од предвидените 1,3 милијарди евра за изградба на автопатиштата.
