ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ од јадење мед не може да се опорави
СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив...

СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на Арсовска, и Арсовска добиваше инструкции да го саботира ВМРО-ДПМНЕ преку листи на изборите и преку спрега со медиумски извршители на СДС и јавни настапи, додаваат од партијата.
Ова е накусо трагичната приказна за Данела и нејзините налогодавачи од СДС кои сега се прават како да се некоја нова партија од Шведска, а не истата партија во која главен е Зоран Заев и неговиот измеќар Венко Филипче со кои делат и добро и лошо.
Од ВМРО- ДПМНЕ апелираат до СДСМ да не го потценува народот.
