Свет

СЗО: Да се покренат планови за вакцинација во областите погодени од Мпокс

19.08.2024 20:47

Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август...

СЗО денеска препорача дека земјите погодени од вирусот Мпокс (мајмунски сипаници) треба да  почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција.

Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување.

СЗО денеска издаде дополнителни препораки упатени до земјите кои се соочуваат со повторно појавување на болеста – Демократска Република Конго, Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда.