Временска прогноза
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
20.08.2024 08:13
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
