Израел

Блинкен потврди дека Израел го прифаќа договорот, на ред е и Хамас да го стори истото

20.08.2024 08:38

Постои вистинско чувство на итност во целиот регион за тој да се финализира-вели американскиот државен секретар Блинкен...

Израел го прифаќа американскиот предлог за договор за прекин на огнот во Газа, сега и Хамас мора да го стори истото. Постои вистинско чувство на итност во целиот регион за тој да се финализира-вели американскиот државен секретар Блинкен.

„Нетанјаху ми потврди дека Израел го прифаќа предлогот за надминување, дека го поддржува. Сега е обврска на Хамас да го стори истото. Мислам дека постои вистинско чувство на итност. Ова е најдобра можност конечно да поминеме преку финишот“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Израел е веќе во првите фази од договорот со Хамас за ослободување на заложниците кои се држат во Газа-изјави Нетанјаху, додавајќи дека ќе ги испрати своите главни преговарачи на самитот во Каиро.

„Ги ценам напорите што САД ги прават во регионалната одбрана против иранската оска. За разбирањето што го покажаа за нашите витални безбедносни интереси како дел од нашите заеднички напори за ослободување на нашите заложници веќе во првата фаза од договорот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Високиот функционер на Хамас, Осама Хамдан со критика на изјавите на САД и Израел велејќи дека ажурираниот договор покренува многу нејаснотии бидејќи не е во рамките на претставеното, ниту договореното. Тврди дека Хамас веќе им потврдил на посредниците дека не им требаат нови преговори, туку договорат за механизам за имплементација.