Сад

Бајден со емотивен говор на Конвенцијата во Чикаго

20.08.2024 08:41

Бајден рече дека демократите се собрале во 2020-та за да ја спасат демократијата и дека таа мора да се зачува...

Американскиот претседател Џо Бајден со емотивен говор се обрати на Демократската конвенција во Чикаго, предавајќи и ја палката на Камала Харис чијашто кандидатура за претседателската функција треба да биде официјализирана. Бајден рече дека демократите се собрале во 2020-та за да ја спасат демократијата и дека таа мора да се зачува.

„Демократијата победи. Ние ја донесовме демократијата. А сега демократијата мора да се зачува. Се соочуваме со пресвртна точка. Еден од оние ретки моменти во историјата кога одлуките што ги носиме сега ќе ја одредат судбината на нашата нација и на светот во децениите што доаѓаат. Ова не е хипербола, мислам буквално, ние се бориме за душата на Америка“, изјави Џозеф Бајден, претседател на САД.

Бајден се осврна и на своите резултати, на војната во Газа и додаде дека не е Трамп и нема да ги демонизира имигрантите, за кои републиканскиот кандидат тврди дека ја отруле крвта на Америка. Конвенцијата се одржува наспроти пропалестинските протести пред зградата во кои беа приведени неколку лица.