Влада
Премиерот Мицкоски ќе оствари средба со претседателката на Судски совет, Дамева
20.08.2024 10:11
Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет...

Денеска Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за правда Игор Филков ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет, во просториите на Владата.
Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет.
Како што соопштуваат од владината-прес служба, по завршување на средбата, претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
