Скопје

Пукање на паркингот кај Мавровка, неофицијално едно лице е убиено

20.08.2024 11:12

На терен се голем број на полициски екипи и амбулантно возило...

Пукотници од огнено оружје утрово во Скопје во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Неофицијално, едно лице е убиено во престрелката.

На терен се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента. Се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи

Ова е второ пукање за помалку од 24 часа откако синоќа во Сингелиќ имаше престрелка, после која едно лице беше пренесено во Градската болница.