Ќе се реконструира Музејот на Македонија
Ќе се обнови Музејот на Македонија кој во себе има непроценливо културно богатство. Галеријата на икони повеќе од осум години се чува во депото во несоодветни услови, вели министерот Љутков. Недостига и стручен кадар, за три години триесетина заминале во пензија, само еден вработен.

Ова е сликата во Музејот на Македонија којшто го собира, чува и презентира нашето културно наследство. Галеријата на икони по земјотресот во 2016-та година, била преместена и се чува во депоата во несоодветни услови, нагласи министерот за култура и туризам, Љутков. Додаде и дека во последниве три години имало 30 заминувања во пензија, а само едно лице е вработено.
Министерот за култура најави целосна реконструкција на најстариот музеј на Македонија, според него овој музеј е во многу лоша состојба, а последната реконструкција била 2010-та година.
Љутков најави за наредниот период посети во сите институции коишто се под надлежност на Министерството за култура и туризам.
Вредноста на музејските предмети кои ги поседува музејот е непроценлива, вели директорот на истиот, со надеж дека ќе се врати сјајот којшто го заслужува.
Ана Јосифоска – Тодоровска
