Комисија за заразни болести

Донесени нови препораки за Ковид-19 во Македонија

20.08.2024 13:30

Во јули 250 регистрирани случаи, овој месец по летните одмори се очекува пораст. Предупредување од Комисијата – кај ризичните групи може да предизвика компликации...

Расте бројот на заболени од ковид во земјава. Во јули 250 регистрирани случаи, овој месец по летните одмори се очекува пораст. Предупредување од Комисијата – кај ризичните групи може да предизвика компликации. Нови препораки за постапување на болниците, се отфрла правилото пациентот да се препраќа на Инфективна. Борис Грујоски разговара со претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Александар Петличковски.