Грција

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во забавен парк

20.08.2024 11:19

Несреќата се случила кога му пукнало седиштето на уредот на кој седел...

19-годишно момче загина откако падна во забавен парк во грчкиот град Пефкохори на Халкидики. Несреќата се случила кога му пукнало седиштето на уредот на кој седел.

Брзата помош пристигнала брзо, но момчето не можело да се спаси. Сопственикот на забавниот парк е приведен, соопшти полицијата.

Истрагата е во тек и треба да покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување.