Македонија
Минималната синдикална кошница во август зголемена за 629 денари
20.08.2024 14:23
Во август вредноста на минималната синдикална кошница изнесувала 61.199 денар...

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија.
Во август вредноста на минималната синдикална кошница изнесувала 61.199 денар. Од почетокот на годинава, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
