Здравство

Недостигот од медицински кадар – горлив проблем во штипската болница

20.08.2024 14:52

Долгите процедури за прием на стручен кадар во болниците мора да се променат за да се намали недостигот од лекари и сестри во штипската болница, вели директорот. Освен кадар на некои одделенија има потреба и за современи апарати за дијагностика. Штипската болница опслужува регион со над 200 илјади жители …

Со години нема решение за недостигот од кадар во штипската болница. Последниот оглас за триесеттина лица од почетокот на годината се закочи заради изборите.

Специјалисти фалат на скоро сите одделенија во штипската болница, но и во болниците во источниот регион.

Детското одделение е едно од ретките каде има доволно и специјалисти и субспецијалисти, но недостигаат апарати за дијагностика.

Доопремувањето на Детското одделение ќе обезбеди субспецијалистичките прегледи на децата од регионот да се реализираат во Штип, наместо на клиниките во Скопје.

 

Славица Величковска