Земјоделство

Потребни се нови мерки за приспособување на земјоделството на климатските промени

20.08.2024 15:03

Топлотен бран, па дожд. Климатските промени не само на здравјето, влијаат на земјоделското производство. И земјоделците и експертите се децидни – за да имаме рентабилно производство на храна, мора со мерки да има приспособување на климатските промени.

Топлото време пак доаѓа. Не со преку 40 степени, но ќе го има и по дождот.

Неопходно е да се приспособиме на климатските промени. Посебно земјоделството, ако сакаме рентабилно производство на храна. Секоја мерка е добредојдена.

Експертите предупредуваат – да се зачува почвата за производството на храна и да нема пренамени, постојните системи за наводнување да се ревидираат и обноват. Неопходни се нови мерки.

Погрешно е да чекаме времето да се приспособи. Климатските промени не смеат повеќе да нè изненадуваат во земјоделството. Проблемот ќе биде ако не реагираме со соодветни мерки.

 

Елизабета Митреска