Македонија
МВР: Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
20.08.2024 15:43
При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера вечер го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
