Партиите со реакции за мафијашките пресметки низ Скопје
Нема скандал во изминатите три месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР. Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка, наведуваат социјалдемократите.

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, граѓаните се вознемирени и се чувствуваат небезбедно, обвинуваат од СДСМ. Според партијата, ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.
Нема скандал во изминатите три месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР. Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка, наведуваат социјалдемократите.
ВМРО-ДПМНЕ стави ред во безредието, реагираат од партијата. Велат Спасовски и СДС осум години дозволија мафијашките банди толку да зајакнат што буквално се препукуваат низ Скопје. Владата на ВМРО-ДПМНЕ почна со санкционирање и институциите постапуваат побрзо од било кога. Мафијашките банди повеќе ја немаат заштита во институциите, како што го имаа во времето на Спасовски, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
