Ѓорческа на го помина првото квалификациско коло на УС Опен

20.08.2024 18:59

Македонката ноќеска загуби од Јулија Риера (Аргентина) со 2:0, по сетови 7:6 (4) и 6:3.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на Грен слемот во Њујорк.

Македонката ноќеска загуби од Јулија Риера (Аргентина) со 2:0, по сетови 7:6 (4) и 6:3.

Двете тенисерки сервираа по два аса, Лина имаше 6, а Риера 3 двојни грешки. Нашата репрезентативка реализира 3 брејк-топки од 8 можности, Аргентинката 4 од 7.

Ѓорческа во моментов е 193-та на ВТА ранг-листата, Риера е на 122. место.

 

Извор/ Фото: МИА