Безос го купува Бостон Селтикс?

20.08.2024 19:08

Во американските медиуми се споменуваат неколку можни купувачи, а еден од нив е еден од најбогатите луѓе во светот - Џеф Безос.

Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс наскоро ќе има нов сопственик, откако актуелниот шеф Вик Грузбек одлучи да го стави клубот на продажба.

Во американските медиуми се споменуваат неколку можни купувачи, а еден од нив е еден од најбогатите луѓе во светот - Џеф Безос.

Сопственикот на „Амазон“, според информациите, ќе треба да даде „само“ 6 милијарди долари.

Според американските медиуми, Безос веќе ги започнал првичните преговори за купување на Бостон Селтикс, а се очекува разговорите да се интензивираат во блиска иднина.