Македонија

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедно, криминалците ќе ги победиме

20.08.2024 19:43

„Ќе ги победиме криминалците“ – изјави премиерот Мицксоки за денешното убиство во Скопје...

Криминални структури имало и ќе има, но, жестоко ќе се спротивставиме како држава и ќе ги победиме. Граѓаните да се чувствуваат безбедно и слободно, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали граѓаните треба да бидат загрижени за безбедносната состојба во главниот град.

За тоа дали има повеќе детали за денешното убиство во Скопје, Мицкоски рече дека за сите детали ќе информира МВР.

Според Мицкоски, „во овој период на транзиција поединци земаат замав“, но, како што рече, уверен е дека „ваков тип на криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото“.