Клуге: Мајмунските сипаници не се новиот ковид
Светот веќе знае многу за мпокс (т.н.мајмунски сипаници), па затоа тие не можат да се сметаат за „новиот ковид“, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге...

Светот веќе знае многу за мпокс (т.н.мајмунски сипаници), па затоа тие не можат да се сметаат за „новиот ковид“, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.
„Мпокс не се новиот ковид. Без разлика дали станува збор за сојот 1, кој предизвикува епидемии во Централна и Источна Африка, или за сојот 2, кој беше причина за епидемијата во 2022 година“, рече Клуге пред новинарите во Женева, во седиштето на агенцијата на ОН.
Клуге додаде дека веќе многу се знае за сојот 2 на мпокс, но дека е потребно повеќе истражување за сојот 1 за да се подобри борбата против оваа болест.
