Временска прогноза

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд и грмежи

21.08.2024 08:12

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.