БЛИСКИ ИСТОК

Договорени детали за прекин на огнот во Газа

21.08.2024 08:23

Блинкен потврди дека Израел се согласил договорот за прекин на огнот да вклучува распоред и локации на повлекување на израелските сили од Газа...

Американскиот државен секретар Блинкен потврди дека Израел се согласил договорот за прекин на огнот да вклучува распоред и локации на повлекување на израелските сили од Газа.

„САД не прифаќаат никаква долгорочна окупација на Газа од страна на Израел. Поконкретно, договорот е многу јасен за распоредот и за локациите на повлекување на Израелските одбранбени сили од Газа и Израел се согласи на тоа“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Хамас претходно го нарече последниот предлог пресврт и ги обвини САД дека се согласуваат со новите услови од Израел. Семејствата на заложниците кои и натаму се во Газа протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив со барање за итен договор за прекин на огнот.