Пентагон ги разгледува целите на Киев во Курск
Киев тврди дека зазеле над 80 населби на површина од повеќе од 1.150 квадратни километри во Курск откако започна нападот на 6-ти август, најголемата инвазија на Русија од Втората светска војна...

САД се обидуваат да добијат јасна слика за долгорочните цели на Украина во регионот Курск, велат од Пентагон. Претходно, претседателот Зеленски објави дека целта е да се создаде тампон-зона. Киев тврди дека зазеле над 80 населби на површина од повеќе од 1.150 квадратни километри во Курск откако започна нападот на 6-ти август, најголемата инвазија на Русија од Втората светска војна.
„Видовме индикации дека Русија се движи со мал број сили во Курск во обид да одговори. Русија навистина се бореше да одговори. И гледаме украински напредок во тој поглед“, изјави генерал-мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека повеќе од 500 луѓе ги напуштиле опасните области во регионот Курск. Повеќе од 122.000 луѓе се преселени од почетокот на украинскиот напад, се вели во извештајот.
