сад

Потврдена кандидатурата на Камала Харис

21.08.2024 08:34

Делегации од сите американски држави и територии го дадоа својот глас за Харис за време на Националната конвенција на партијата синоќа во Чикаго...

Американските демократи официјално потврдија дека Камала Харис е нивниот кандидат за претседателските избори на 5-ти ноември. Делегации од сите американски држави и територии го дадоа својот глас за Харис за време на Националната конвенција на партијата синоќа во Чикаго.

Харис им вети на Американците-иднина на слобода, можности, оптимизам и надеж.