Без струја повеќе населени места во Скопје
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од повеќе насели места во Скопје.

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од повеќе насели места во Скопје.
Во период од 05,00 до 12,00 часот без струја ќе бидат населениете места Студеничани и Моране во општина Студеничани, потоа Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, сите во општина Зелениково, вклучително и објектите на ЖТП Јане Сандански и ЖТП Зелениково, информираат од РЦУК.
Од 09,40 часот до 15,00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците во село Кучково, село Грачани и караула Чашка во општина Ѓорче Петров, а во период од 08,00 до 09,00 часот дел од село Крушопек во општина Сарај.
