Скопје

Полицијата трага по третоосомничениот за убиството кај „Мавровка“

21.08.2024 09:20

Полицијата изврши претреси на неколку локации. Двајца од осомничените се уапсени...

Полицијата трага по третоосомничениот за убиството на 59-годишниот маж на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“. Двајца од осомничените се уапсени.

Идентитетот официјално не се соопштува. Граѓаните кои беа сведоци на настанот беа видно вознемирени. Во обид за бегство, пукале и кон полициските службеници.

Полицијата изврши претреси на неколку локации. Нема да дозволиме градот да стане полигон на криминални пресметки, уверува директорот на бирото за јавна безбедност Јанев.