ОЈО доставило мислење до Врховен во врска со екстрадицијата на Рамадани
Согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Врховен е должен да одлучи по конкретниот предмет во рок од три дена од доставувањето на мислењето од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство доставило мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани до Врховниот суд.
Согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Врховен е должен да одлучи по конкретниот предмет во рок од три дена од доставувањето на мислењето од Јавното обвинителство. Истовремено, комисијата на Судскиот совет ја разгледува одлуката за домашен притвор што ја донел судијата Пајазити.
Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК, кого Србија го бара за сторени воени злосторства избега од притвор во Македонија.
