Нови искри меѓу партиите од власта „Вреди“ и ЗНАМ
Нови искри меѓу партиите од власта „Вреди“ и ЗНАМ. Откако Максим Димитриевски ги нарече партнер на неговиот партнер и побара „Вреди“ да не го имитира ДУИ, се огласија од оваа коалиција и порачаа – парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење, тезата на ЗНАМ дека тие се партнер само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам...

Повторно политички искри меѓу коалициските партнери во Владата, „Вреди“ и ЗНАМ. Министерот за здравство со реакција по изјавата на лидерот на ЗНАМ дека ќе биде погрешно ако „Вреди“ ја имитира ДУИ. На Таравари не му се допаѓа како што изјави, нивото на кое комуницира Димитриевски. Смета дека кажаното е обид за поентирање, за да се добие политичка поддршка. Го потсети како како што рече како ги добил гласовите за градоначалник на Куманово и дека следната година доаѓаат нови локални избори.
Лидерот на ЗНАМ по несогласувањата околу балансерот смета дека „Вреди“ ќе мора да направат корекција на самите себеси. Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата на Мицкоски е партнер со ВМРО-ДПМНЕ и како политичка партија воопшто не разговарале за каква било коалиција или заемна поддршка на централно ниво. Потенцира дека фокусот треба да биде на креирање нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптоварени кој какво знаме ќе вее или кој е поголем заложник за исполнување на некои наводни национални платформи и стратегии.
Од коалицијата „Вреди“, преку соопштение апелираа-ЗНАМ несвесно да не работи во интерес на ДУИ. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност, велат од „Вреди“.
Милчо Велески
