БиХ
Пукање во гимназија во БиХ, тројца загинати
21.08.2024 12:30
Маж со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето...

Стравотен напад во гимназијата во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Вработен во училиштето со автоматско огнено оружје ги убил директорот, секретарката и професорка. Едно лице е тешко рането.
Според првичните информации, инцидентот се случил додека наставниците одржувале состанок.
Од тамошното МВР велат дека по нападот, напаѓачот најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.
Пред извесно време, против убиецот била поднесена дисциплинска мерка откако имал несогласувања со раководството на училиштето.
