Здравство

МЗ: Голем интерес за враќање на лекари од приватното во јавното здравство

21.08.2024 13:01

Од Владата велат дека се бара решение, како експертите со над 10-годишно искуство, како специјалисти и субспецијалисти да се вратат во оние клиники, каде што е утврден недостиг од кадар...

Министерството за здравство тврди дека има огромен интерес за враќање на лекари од приватното во јавното здравство. Од Владата велат дека се бара решение, како експертите со над 10-годишно искуство, како специјалисти и субспецијалисти да се вратат во оние клиники, каде што е утврден недостиг од кадар.

Според министерот Таравари, ова е показател дека се враќа довербата во јавните здравствени установи, иако тој не кажа за колку лекари станува збор, ниту за кои области.