Сточарство

Аларм за заштита од чума кај малите преживари

21.08.2024 13:38

Откако високозаразната болест се појави во Грција и во Романија, ветеринарите предупредуваат дека превентивата е клучна за навремено откривање на сомнителните случаи.

Во земјава сè уште не е регистрирана чума кај малите преживари. Откако високозаразната болест се појави во Грција и во Романија, ветеринарите предупредуваат дека превентивата е клучна за навремено откривање на сомнителните случаи. Опасноста е голема, зашто доколку болеста биде откриена, се уништува цело стадо. Од терен известува Славица Величковска.