Политика

Мицкоски ги отфрли обвинувањата за наводно следење на опозицијата

21.08.2024 14:34

Сакаме реформи и надеж, а не мрачни сценарија – премиерот Мицкоски ги отфрли наводите на ДУИ дека наводно, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ им дале инструкции на безбедносните служби да ја следат опозицијата.

Не коментирам изјави на политички маргиналци – вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на наводите на екс-министерот од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, дека власта им дала налог на безбедносните служби за следење на опозицијата.

Завршија темните сценарија, нас не интересираат реформи и напредок на државата, вели Мицкоски.

Бектеши, апропо информациите за план за дестабилизација на државата, тврди дел од институциите поврзани со државната безбедност добиле наредби да ги следат дел од опозиционерите од Европскиот фронт. Наводно, интегративците таквите информации ги добиле од извори во власта.

Мицкоски дециден дека на правосудниот систем му се неопходни реформи, но и распуштање на Судскиот и обвинителскиот совет.

Не смееме да дозволиме довербата во судството да остане на катастрофално ниво. Не смееме да дозволиме да немаме правна држава, ќе правиме реформи за да ја поразиме оваа безбедносна закана со партизирани и криминализирани поединци во правосудството, рече Мицкоски.

 

Миле Ристески