ССМ

ССМ бара повисоки плати, почитување на достоинството и работничките права

21.08.2024 14:38

Зголемување на платите, сега и веднаш, побара Сојузот на синдикатите на Македонија на одбележувањето на 78-годишнината од формирањето на ССМ. Оттаму предупредија – или работниците ќе добијат повисоки примања или ќе си заминат од државата...

Повисоки плати, почитување на достоинството и работнички права, сега и веднаш, бара Сојузот на синдикатите на Македонија. Ако не се зголемат платите веднаш, велат, ниту еден работник нема да остане во земјава, оти сите во регионот и во Европа, драстично ги зголемиле примањата на работниците.

Трендафилов, заедно со членовите на ССМ на 78-годишнината, кажаа дека се потребни похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите на кои им нема крај.

ССМ ја повика новата Влада на поголема продуктивност и решителност за растот на платите на работниците за да се изборат со инфлацијата.

Синдикатите побараа од функционерите да останат на зборот, за намалување на нивните плати, кои се зголемија за 78%.

 

Борис Грујоски