Вклучен алармот за заштита од чума кај малите преживари
Раната детекција и брзото пријавување на сомнеж се клучни во борбата против болеста „чума“ кај малите преживари. Се работи за вирусно заболување кое не е опасно за луѓето, но е фатално за животните. Кај нас не е присутно, но алармот е вклучен заради појавата на чума во Грција и Бугарија …

Реална е опасноста од ширење на „чума“ кај овците и козите кај нас откако болеста пламна во Грција. Се работи за вирусно заболување кое се шири со близок контакт меѓу животните. Доколку се прошири штетите ќе бидат големи по сточниот фонд. За да не дојде до тоа, МВР е со засилена контрола на граничните региони, Агенцијата за храна и ветеринарство врши обуки на сточарите. Ветеринарите апелираат сточарите веднаш да пријават ако забележат некој од симптомите.
Важно е сточарите да ги почитуваат биосигурносните мерки, стадата да се изолираат и да се тргува само со сертифицирана стока.
Доколку болеста се рашири во државата, ќе резултира со намалување на сточниот фонд, но и рестриктивни мерки за извоз на македонското јагне.
Славица Величковска
