Статистика
Расте просечната плата, во јуни достигна речиси 42.000 денари
21.08.2024 17:33
Растот e резултат на повисоките примања во секторите: финансии и осигурување, административни и помошни услужни дејности, јавна управа и одбрана.

Платите растат, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Просечната исплатена нето-плата во јуни достигнала речиси 42 илјади денари, и во однос на лани е зголемена за околу 15 проценти.
Растот e резултат на повисоките примања во секторите: финансии и осигурување, административни и помошни услужни дејности, јавна управа и одбрана.
Просечната бруто-плата по вработен, пак, во јуни се доближила до 63 илјади денари.
Сепак, по реакциите на граѓаните и Синдикатот, очигледно е дека растот не е доволен да ги покрие зголемените трошоци.
