САД

Потврдена номинацијата на Камала Харис

21.08.2024 18:25

Делегации од сите американски држави и територии го дадоа својот глас за Харис, за време на партиската национална конвенција во Чикаго.

Американските демократи и официјално потврдија - Камала Харис е нивен кандидат за претседателските избори на 5-ти ноември. Делегации од сите американски држави и територии го дадоа својот глас за Харис, за време на партиската национална конвенција во Чикаго.

Од предизборниот митинг во Милвоки, пак, Харис им вети на Американците иднина на слобода, можности, оптимизам и надеж.

Известува Игор Стефановски од Гласот на Америка на македонски јазик.