МВР

Осомничениот за помагање на убиството кај „Мавровка“ сам се предаде на полицијата

21.08.2024 19:56

Од МВР потврдуваат дека лицето попладнево се пријавило во полициската станица Кисела Вода.

Осомниченото лице по кого полицијата трагаше за помагање во извршување на убиството кое вчера се случи кај трговскиот центар „Мавровка“ попладнево сам се пријавил во полиција.

Од МВР потврдуваат дека лицето попладнево се пријавило во полициската станица Кисела Вода.

Денеска, Кривичниот суд на првоосомничениот за убиството му одреди 30- дневен притвор.