Нојер се повлекува од германската репрезентација

21.08.2024 19:08

Нојер (38) ја објави веста на својот Инстаграм профил. Неговите агенти веста ја пренеле и до сите германски медиуми.

Мануел Нојер објави дека повеќе нема да брани за германската репрезентација. По 15 години како неприкосновен број еден на германската репрезентација, Нојер одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Нојер (38) ја објави веста на својот Инстаграм профил. Неговите агенти веста ја пренеле и до сите германски медиуми.

Сите што ме познаваат знаат дека ова не беше лесна одлука за мене. Физички се чувствувам многу добро и би можел да играм и на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Но, во исто време, убеден сум дека ова е вистинскиот момент да се повлечам и целосно да му се посветам на Баерн во иднина, изјави Нојер.